ММС

Објавено на: 07/8/21 9:20 PM

Убиени четворица осомничени за атентатот врз претседателот на Хаити, Моиз

Во операцијата против осомничените кои се смета дека извршиле атентат врз претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, убиени се четири лица, а приведени се две лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите во регионалните медиуми, безбедносните сили на Хаити започнале операција низ целата земја за да ги уапсат напаѓачите кои го убија претседателот Моиз.

Властите соопштија дека во акцијата против осомничените, четири вооружени лица се неутрализирани, а две се приведени.

Премиерот на Хаити, Клод Жозеф, истакна дека напаѓачите се странски платеници и дека зборувале на англиски и шпански јазик.

Од друга страна, според истрагата, се наведува дека претседателот Моиз за време на нападот бил погоден со 12 куршуми.

Педесет и тригодишниот претседател на Хаити, Моиз, е убиен во напад врз неговиот дом од страна на група вооружени лица, а неговата сопруга Мартина Моиз е повредена.

Премиерот Клод Жозеф прогласи вонредна состојба во земјата по убиството на Моиз.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1