ММС

Објавено на: 07/8/21 8:28 PM

(ФОТО + ВИДЕО) Бристол Сити на најсимпатичниот можен начин ги претстави дресовите за новата сезона

Професионални модели? Не, не мора. Фудбалери? Можеби, но не мора. Домашни миленици и мали кученца? Дефинитивно.

Англискиот второлигаш Бристол Сити, на јавноста му ја претстави новата спортска гарнитура за сезоната 2021/2022 во Чемпионшип на несекојдневен и претерано симпатичен начин.

Под слоганот „Ние сакавме само да ви предизвикаме насмевка“, на својот официјален „Твитер“ профил, „црвените“ од Бристол во едноминутно видео ја објавија презентацијата на „Хумел“ дресовите за претстојната кампања.

 

Низ просториите, трибините и тревникот на „Ештон гејт“ продефилираа десетици кучиња облечени во дресот на Бристол и навистина како што и ветија од клубот – ги воодушевија фановите во Англија и им донесоа насмевка на лицето.

 

Клупските натпреварување не се ниту почнати, но нашите „играчи“ на сезоната се пугот, лабрадорот и кокер спаниелот. А и ФА треба сериозно да размисли за овој избор.

Во 2020/21 Бристол Сити разочара и го освои само 19-то место во втората по квалитет англиска дивизија, па да се надеваме дека домашните миленици ќе им донесат дополнителна среќа во обидите да се вратат конечно во Премиер Лигата.

 

 

 

Фото:

Twitter / @BristolCity

 

д.ј

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1