ММС

Објавено на: 07/8/21 6:37 PM

Чоло Симеоне останува „јорганџија“ до 2024 година

Аргентинскиот стратег, Диего Чоло Симеоне, ја продолжи верноста со шпанскиот шампион Атлетико Мадрид до 2024 година, соопштија денес од мадридскиот клуб.

Некогашниот тренер на Катанија ќе ги предводи мадриѓани во следните три години, во обид да остане конкурентен со Барселона и Реал Мадрид при врвот на Примера.

Откако Чоло пристигна на клупата на Атлетико во 2011 година, ниту еден тренер во нивната историја нема освоено повеќе трофеи (осум), а во моментов е единствениот во лигата кој е задржан на кормилото една цела деценија.

Покрај него и стручниот штаб од Оскар Ортега, Пабло Верцелоне, Нелсон Вивас и Хернан Бонвинвини, остануваат до 2024 година на „Ванда Метрополитано“.

Сезонава Симеоне со Атлетико Мадрид по 11-пати во клупската историја ја покори Шпанија и во последното коло ја оконча важната титула за „јорганџиите“ пред своите градски ривали Реал Мадрид.

 

 

 

Фото:

en.atleticodemadrid.com

Twitter / @FabrizioRomano


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1