ММС

Објавено на: 07/8/21 5:36 PM

(ВИДЕО) Серхио Рамос во дресот на ПСЖ

Единствениот активен тим во летниот период, Париз Сен Жермен, денес го официјализираше можеби и најголемиот нивен трансфер во последната деценија. Довчерашниот капитен и играчка легенда на Шпанија и Реал Мадрид, Серхио Рамос, стави потпис на двегодишен договор со парижаните кој ќе го задржи на „Паркот на принцовите“ до 2023 година.

Рамос е четвртото засилување за тимот предводен од Маурисио Покетино, веднаш по Вајналдум, Донарума и Хакими.

 

-Ова е специјален ден. Голема промена е во мојот живот, но подготвен сум за овој предизвик. Доаѓам овде со желба да работам силно и да победувам. Тоа се вредности кои ги негува и клубот исто така. Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој голем клуб, изјави Рамос непосредно по потпишувањето на договорот.

 

 

Рамос во француската престолнина пристигна како слободен играч, бидејќи не успеа да изнајде заеднички јазик со раководството на Реал Мадрид и Флорентино Перез, напуштајќи го „Сантијаго Бернабеу“ по цели 16 години.

 

 

 

Фото:

en.psg.fr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1