ММС

Објавено на: 07/8/21 4:13 PM

За еден месец во гевгелиската болница регистрирани се 50 дечиња со респираторни заболувања

Гевгелиската болница ќе испитува за каква вирусна или бактериска инфекција станува збор откако изминативе 30-ина дена на детското одделение се јавиле 50-ина дечиња со респираторни заболувања .

Станува збор за популација до петгодишна возраст. Симптомите се невообичаени за овој период од годината кога најчести се цревните заболувања вели директорот Крџев кој не можеше да потврди што е причиниелот за големата борјка на заболувања

-Се работи за вирусна или за бактерсика инфекција на горните респриаторни патишта кои набргу поминуваат во инфекција на долните респираторни  патишта со чести компликации на бронхопневманија.  Овој тип на заболувања не е каректеристичен за летните месеци, вообичаено за ова категорија на пациенти се цревните заболувања. Што е причината и зошто се јавува во овој период за нас е непозната, рече директорот Крџев.

Големата бројка на дечиња со симптоми на сезонски грип и бронхопневмонија, ги изненадиле и лицата од Центарот за јавно здравје од Гевгелија. Со нивна соработка кај дечињата биле направени ковид тестови, но сите биле негативни.

Во Гевгелија нема активни случаи со Ковид 19. Последните беа регистрирани во мај кои се веќе излекувани и нема реггистрирани нови ковид пациенти.

 

Ване Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1