ММС

Објавено на: 07/8/21 3:31 PM

Никогаш во животот не ми било подобро – Џеј Ло јавно прозборе за врската со Бен Афлек

Веќе нема сомнеж – Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат во обновената стара романса, и покрај тоа што сè уште нема официјална потврда, фотографиите зборуваат повеќе од 1000 зборови!

Парот е неразделен со денови, а фактот дека нивната врска напредува докажува и фактот дека нивните близнаци од латино дивата се сретнале со најмалото дете на Афлек – 9-годишниот син Самуел.

Оваа весела петорка била видена во понеделникот во забавен тематски парк во Холивуд, и сите биле одлично расположени и со широки насмевки на лицата.

Дека рози цветаат неодамна потврди и самата Џенифер во првото интервју што го даде откако почна да се гледа со славниот холивудски актер без да се крие. Атрактивната  51-годишна пејачка отворено не го спомнувала Афлек, но како ден е јасно дека тој е задолжен за тоа што се чувствува како на седмо небо.

– Пресреќна сум. Знам дека луѓето секогаш се прашуваат како сум, што се случува, дали сум добро … Тоа е тоа. Никогаш не ми било подобро во животот. Сакам сите луѓе кои се грижат за мене, затоа што и јас се грижам за нив, да знаат дека навистина достигнав точка во мојот живот кога сум самата себе доволна. И мислам дека штом стигнете на тоа место, тогаш почнуваат да ви се случуваат неверојатни работи за кои никогаш не сте помислиле дека може да се повторат во животот – изјави Џеј Ло во интервју за „Епл Музик 1“.

– И ете – така се чувствувам сега. Ми се допаѓа целата љубов што ја добивам во моментов и сите тие добри желби. Само сакам сите да знаат дека ова е најдобриот период. Ова е најдобриот период во мојот живот – додаде таа.

Таа исто така истакна дека по раскинувањето со Алекс Родригез, отишла во Доминиканската Република и дека таму сфатила дека сака повторно да снима, да создава музика.

– Добро сум. Го сакам мојот живот во моментов. Го сакам тоа што го работам. Ја сакам личноста во која постојано се развивам и станувам. Тој вид на радост, таа среќа, таа љубов – што секогаш ме инспирира. Мислам дека некои луѓе навистина се инспирирани од скршено срце – потенцираше таа, алудирајќи на раскинувањето на свршувачката со Родригез пред шест месеци.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1