ММС

Објавено на: 07/8/21 2:03 PM

Апсење во гостиварско, расчистени 8 тешки кражби

Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти осум тешки кражби, едно загрозување на сигурноста и едно опожарување на патничко моторно возило и до Основното јавно обвинителство Гостивар денеска (8 јули) поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од гостиварско Врапчиште, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 и „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Н.А. се сомничи дека минатиот и на почетокот на овој месец, со употреба на сила, извршил 8 тешки кражби во продавници и помошни објекти од куќи во поширокиот Врапчишки регион и притоа најчесто одземал пари и разновидни производи, кои потоа ги препродавал. Тој се сомничи, исто така, дека на едно лице од овој регион го опожарил возилото.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1