ММС

Објавено на: 07/8/21 2:05 PM

Двете лица од Тетово со делта сој кои се од исто семејство биле тестирани откако дошле од Германија

Двете лица од Тетово заразени со делта сојот, кои се од исто семејство, биле тестирани откако дошле од Германија. Изолирани се и двајцата. Ова се први случаи на делта сој во тетовско. И двете лица се асимптоматски.

„Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што живеат и работат. При тоа е откриено дека имаат ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи, со нив е постапено според соодветната процедура и тие се ставени во домашна изолација. Контактите што ги имале како и другите членови од семејството се исто така ставени во домашна изолација и сите се следат секојдневно“,  додадоа од Центарот за јавно здравје Тетово

Делта сојот е опасен и брзо се шири предупредуваат здравствените работници.

Во Тетово во овој момент има 24 активни случаи со ковид-19, а во Клиничка болница веќе две недели нема хоспитализирано пациенти.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1