ММС

Објавено на: 07/8/21 1:27 PM

На две недели пред Олимписките игри Токио воведе вонредна состојба поради Ковид-19

Владата на јапонскиот премиер Јошихидe Суга одлучи да воведе вонредна состојба во Токио поради коронавирусот само две недели пред почетокот на Олимписките игри.

Вонредната состојба ќе биде на сила од понеделник до 22 јули, односно ќе заврши еден ден пред почетокот на Олимписките игри кои ќе се одржуваат до 8 август.

Причина на воведувањето на четвртата вонредна состојба во Токио е значајниот пораст на заразени, но  ова не значи затворање под строг полициски час.

Иако граѓаните се повикани да останат дома, рестораните ќе бидат отворени, но не смее да се служи алкохол, да се нуди караоке и навечер треба да се затвори порано.

Јапонија не претрпе експанзија на пандемијата на Ковид-19 каква што имаше во другите земји, но има повеќе од 810.000 заразени и 14.900 починати.

Бавното вакцинирање значи дека само четвртина од населението примила барем по една доза од вакцината против Ковид-19.

Организаторите предложија неколку сценарија за Олимписките игри. На спонзорите им е кажано дека ќе нема публика на стадионите и сите настани ќе се одржат без гледачи, што значи дека организаторот ќе добие нов удар за буџетот на Олимписките игри.

Извор: 24sata.hr

фото: olympics.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1