ММС

Објавено на: 07/8/21 1:09 PM

(Видео) Само сакала рамна коса: На девојка и’ требале 2 години за да го поправи „хаосот“ на главата направен поради фризерска грешка

Поради фризерска грешка, Лаура Дарви пред две години остана буквално без половина од својата коса. Имено, таа верувала дека нејзината фризерка е стручна и дека без потешкотии по хемиски пат ќе и’ ја израмни односно исправи косата, но се излажала. Целиот процес изгледал како се’ да е во ред, се’ додека фризерката не отишла на пауза за ручек и така заборавила на хемикалиите на главата на својата клиентка.

„Косата ми беше многу густа и ја исправував секој ден. Мислев дека со хемиското исправување косата нема да биде толку оштетена како со секојдневното пеглање. Навистина истражував за ризиците“, изјавила дваесет и четиригодишната Лаура.

Своето искуство таа го споделила неодамна на ТикТок, а видеото стана вирален хит. Незгодата се случила во 2019-та година, а парите и’ биле вратени назад. И’ биле потребни две години и околу 9 илјади евра за перики, екстензии и разни третмани за раст на косата, со цел таа да се обнови.

@laurajarvie3

#fyp #wakinupinthemornin #atleastshehadherfishandchips

♬ original sound – Amir Yass

„Малку плачев па преболев се’. Постојано се потсетував дека косата расте и дека на многумина им паѓа во многу полоши околности, како што е хемотерапијата“, додала девојката.

 

Фото: Илустрација / Designed by Freepik

Извор:  kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1