ММС

Објавено на: 07/8/21 12:16 PM

Респираторен синцијален вирус се шири во Гевгелија – Над педесет дечиња во болница

Повеќе од педесет доенчиња и дечиња на претшколска возраст се наоѓаат во општата болница во Гевгелија поради респираторен синцијален вирус, кој обично се јавува во зимскиот период.

Респираторен синцијален вирус, што порано се јавуваше во зима е причина за моментно згрижување на повеќе од педесет доенчиња и дечиња на претшколска возраст во Општата болница во Гевгелија кои развиваат дури и тешка бронхопневмонија која обично е пропратена со грипот, загрижено вели доктор Љупка Урумова, началничка на детското одделение.

-Наместо појава на стомачни проблеми, кои вообичаено се јавуваат во летниот период, ние се соочуваме со бронхопневмонии со тешка симптоматологија која сме ја немале ниту во зимските периоди кога бројот на пациентите достигнал и над стотина. На неколку мали пациенти дури им е потребна и кислородна поддршка, вели Урмова.

Синцијалниот респираторен вирус, според Урумова, поради ковид пандемијата веројатно ги помешал временските периоди и по олабавувањето на заштитните мерки повторно ни се јавува.

-Добро се справуваме со младите пациенти кои со соодветна терапија и придружба на своите мајки, се лекуваат на детското одделение во гевгелиската Општа болница, а само незначителен број се пратени на лекување во Скопје.

Урумова, заради транспарентност на моментната состојба, информираше дека во соработка со епидемиолог Сашко Олумчев во Скопје биле испратени материјали за геномско секвенционирање кое ќе покаже дали причината треба да се бара во Делта сојот или пак се работи за респираторен вирус кој ја „помешал“ сезоната.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1