ММС

Објавено на: 07/8/21 10:54 AM

Приведена снаа оти ја истепала свекрвата

Жена (31) од Доброште е приведена во полициска станица поради напад врз нејзината свекрва, информираат од СВР Тетово.

-Околу 23 часот и 20 минути во тетовско Доброште службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода  31-годишна жена од ова село, која дваесетина минути пред тоа во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 65-годишна свекрва и ја оштетила покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1