ММС

Објавено на: 07/8/21 8:25 AM

Регистарот на првите мали семејни винарии донесе многу награди за нашите вина

Помина една многу  успешна година од денот кога најголем дел од членовите на здружението „Тиквешки семејни винарии” се впишаа во регистарот на производители на вино.

„И во време на пандемија произведовме врвни вина кои се закитија со многу домашни и меѓународни награди годинава“, истакна синоќа претседателот на Здружението со седиште во Кавадарци, Горан Јаковлевски, по една година од остварувањето на нивната желба, вината од семејните винарии,  да си го најдат своето место на трпезите, маркетите и угостителските објекти.

-Уште еднаш голема благодарност до сите кои ни помогнаа од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство  и останатите државни институции. Заедно сплотени ќе продолжиме и понатаму да дејствуваме за развој на регионот и Македонија во една прекрасна винско – туристичка дестинација, рече тој.

Јаковлевски потсети  дека по законските олеснувања, пред една година започна регистрацијата на малите семејни винарии и додаде дека сега, регистрирани се педесетина фамилијарни вински бизниси во целата држава, најмногу во Тиквешијата.

-Се подготвуваме за новиот гроздобер, имаме квалитетен род во лозјата и очекуваме успешна берба. Тројца од нашите членови  добија грантови,  поддршка за млади земјоделци од по дваесет илјади евра,  за опрема во своите вински капацитети, потсети Јаковлевски.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1