ММС

Објавено на: 07/8/21 8:02 AM

(ВИДЕО) Шилегов: Подобро е градот да изгуби време во изработка на добар план отколку да се прави импровизација

Во Градскиот парк недостасуваат некои работи на кои полека работиме, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во видео интервју за Моја Општина. Тој ги потенцираше градежните активности на патеките во новиот дел на Градскиот парк, со што најави и интервенција на урбаната опрема, клупи, корпи за отпадоци, видливиот напредок градоначалникот очекува да биде завршен до средината на август месец.

„Имаме два или три јавни тоалети во рамките на паркот кои се обидуваме да ги ставивме во функција и беше во планот на градот набавка на јавни тоалети и за повеќе локации, меѓутоа заради пандемијата и финансиските трошоци кои не планирано се појавија поради пандемијата, повеќе на приходната отколку на расходната страна и мораше да бидат тргни од јавната набавка, но се надевам следната година ќе успееме да ги набавиме, бидејќи навистина недоставуваат во паркот“, вели Шилегов.

Во Град Скопје во моментов се работи на дигитализација во однос на имплементација на „Смарт Сити Скопје“ и се работи на три системи, систем на изнајмување на електични тротинети, велсосипеди и третиот т.н „car shаring“ на електрични автомобили.

„Околу последново има една проблематика која што се однесува на полначите за електрични автомобили, ќе ги надминеме тие проблеми и се надевам дека градот многу брзо ќе ги распише повиците и во нарендиот период ќе имаме можност да се изнајмуваат овие превозни економични средства. Системите се дел од дигитализацијата на градот, ние ја завршивме постапката за јавна набавка за „Smart City Skopje“ во тек е нејзината имплементација, што значи од дигитална смисла ги поставуваме основите за да можеме да влеземе во имплементација на овие политики“, вели Шилегов.

Тој вели дека не треба да се тежнее по што ќе те препознаат или по што ќе те запаметат, заврши си ја работата за која луѓето те одбрале и така ќе имаме сериозен пристап.

„Во еден период во нашиот град се работеа паралелно четири булевари, во Скопје четири булевари се имаат градено само во периодот по земјотресот и сега. Тоа е булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ што излегува на обиколница, булеварот АСНОМ каде што се гради и новиот мост кој до крајот на август би требало да биде пуштен во употреба, булеварот „Никола Карев“ кај „Пластичарска“ и булеварот „Босна и Херцеговина“ кој е дел од секундарниот северн прстен. Тоа за мене е добар стратешки развој на нашиов град, тие ми се драги проекти. Важно ми е дека со реализација на овие прокети се подигна задоволството на граѓаните на Скопје од градоначалникот и релано таа инфаструктура недостасуваше на градот и сега тие делови од градот се подобро конектирани“, изјави градоначалникот Шилегов.

Покрај горе споменатите булевари кои се дел од важната инфраструктура на главниот град, градоначалникот на Град Скопје Шилегов како успешни прокети на кои е посебно горд се и мостот во општина Аеродром, но и ослободувањето на јавните простори.

„Мостот кај „Хотел Русија“ кој низ Керамидница, треба да излезе кај Саем, таков или единствен мост во Скопје е мостот „Гоце Делчев“. Од 1973 година кога е пуштен тој мост „Гоце Делчев“ до сега таков мост во Скопје не е изграден, шест коловозни ленти, две велосипедски, две пешачки ленти. Дали ќе бидам запаметен по мостот не ми значи, но знам дека таа инфраструктура ќе им служи на околу 80.000 жители на општина Аеродром и Лисиче. Ослободивме многу јавни простори во Скопје, кои денес изгледаат сериозно многу поквалитетни што традиционално беа диви паркинзи“, изјави Шилегов.

За реализација на проектот за изградба на тунелите под Кале, Шилегов вели дека го очекува Деталниот урбанистички план на општина Центар, по што ќе биде распишана постапка.

„Започнавме со реализација на тунелите под Кале, за кои се уште тврдам и мислам дека треба бидат, затоа што тие ќе го сменат и ликот на начинот на кој градот функционира. Одбравме и добра компанија која ги имаше референците во јавната набавка, но за жал моравме да го поништиме тој тендер затоа што не добивме ништо за еден така извесен сериозен период. Сега чекаме општина Центар да го донесе Деталниот урбанистички план за да можеме да ја распишеме постапката, затоа што со трасата како што беше така поставена трошоците на таа инфраструктура ги зголемуваше за околу 8 милиони евра за непотребна експропијација. Од друга страна сум човек кој што многу верува во доброто планирање, и подобро е градот да изгуби време во изработка на добар план, на добра градежна документација и прокетирање, отколку да правиме импровизација. Прво затоа што станува збор за скопското Кале, ридот над градот тука не смеете да импровизирате и второ импровизацијата во прокетирањето граѓаните најдобро може да ја видат на автопатот Кичево – Охрид. Тунели во Скопје се уште не постојат, ние кај „Лимак“ работиме на тунел и тој ќе биде визибилен за година ипол, меѓутоа тоа е сериозно комплексно“, изјави Шилегов.

Во делот на децентрализацијата, скопскиот градоначалник Петре Шилегов смета дека за одредени работи локалната власт може поажурно да се справи со одредени проблематики. Во однос на урбанизмаот смета дека треба да одлучува Градот за по рамномерен развој.

„Појдовме со еден прокет на децентрализација, сега зборувам како претседател на ЗЕЛС. Имавме сериозни разговори со Владата и тргна еден систем секое министерство да се произнесе, но фати пандемијата, потоа изборите и сега како доаѓаме при крај на мандатите тоа е отворен процес. За мене е многу важен затоа што во моментов единиците на локалната самоуправа, по експедитивно и квалитетно може да се справат со одредени проблематики или услуги кои што сега се вршени од страна на централната власт. За мене нема логика, центрите за социјални работи да бидат државна работа, бидејќи тие треба да функционираат во микро средина. Јас сум поборник на тоа да имаме комунална полиција или општинска полиција за комунални работи, која ќе се занимава со недостатоци кои се видливи пример, регулирање на сообраќај, диви депонии, фрлање на смет на недозволени места, заштита на животните од несовесни граѓани. Јас сум еден од тие кои бара, иако  е многу тешко имајќи во предвид дека е дво – третински закон, а се однесува во однос на редефинирање на градот Скопје со општините кои се дел од административните граници на градот во смисла, не градот да ги одземе ингеренциите, меѓутоа градот да има суспензивно право на определени активности или субститиционо право или да ја замени општината во определени активности. Тука пред се мислам на урбанизмот, моето мислење е дека треба да се фокусира во градот за да имаме рамномерен развој. Градот мора да добие ингеренции во инспекцискиот надзор, во градежниот дел на дивоградбите, за да не ни се случуваат работи кои ни се случуваа“, вели Шилегов.

Повеќе за активностите во Град Скопје може да погледнете од интервјуто подолу:

Габриела Додевска

Фото: Вангел Тануровски

Видео: Кире Андонов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1