ММС

Објавено на: 07/8/21 7:39 AM

Градежните работници на удар – Пеколно жешко и денес

Денес треба да преживееме уште еден пеколен ден со температура до 40 степени. Таква е најавата од УХМР дека времето во земјава ќе биде сончево и многу топло, иако ќе дува слаб до умерен ветер со  УВ-индекс 9.

Дека живеме пеколно жешки денови потврдува и директорката на Брза помош, која вчера за ММС изјави:

-Бројот на повиците за Брза помош поради високите температури од обичните граѓани засега не е зголемен. Повеќе има повици за помош на лица кои на овие жештини работат на градежни објекти. Тие се најголемиот број, кои денес побарале совет од докторите од Брзата помош поради топлото време. За разлика од претходните денови намален е бројот и на тие кои колабирале. Исто така најчести повици во Брзата помош се лица кои се пожалиле на болки во стомакот и дијареа што најверојатно поради стомачниот вирус,  кој, пак, исто така е резултат на топлото време, изјави директортка на Брзата помош, Милица Бубало  за ММС.

УХМР најавува дека и утре ќе биде многу топло, и покрај тоа што облачноста ќе се зголемува, со  пороен дожд, грмежи и ветер. Вакво време се очекува да биде и  во деновите од викендот, а температурата ќе биде пониска за неколку степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1