ММС

Објавено на: 07/7/21 11:24 PM

(Видео) Што е мое се е и твое – Промовирана „Од Бекирлија до Битола“ дует песната на Сузе и Атиџе

„Од Бекирлија до Битола“ е новата, трета песна на Сузе Турунџиева и Атиџе, која со спот беше промовирана вечерва во Скопје. Ова е прв спот од зедничкиот албум на Сузе и Атиџе, кој се уште се снима.

-Се ставив во убава мисија, која ми е предизвик и задоволство, со музика и песна да надокнадиме со Атиџе. Човек по човек ги препознаваме добрите луге, правиме армија од добри души и  драго ми е што во изминативе 10тина месеци колку што се дружиме со Атиџе запознавме многу такви. Наидуваме на секакви коментари, но коментарите кои се поинакви од очекуваните не ни биле проблем да си го продолжиме патот и да покажеме дека доброто раѓа добрина, рече Сузе и додаде:

-„Од Бекирлија до Битола“ песна која јас почувствувам да ги опеам нејзиноиото и моето родно место. А толку многу и раскажував за Битола и да ја прошетам ни Широк Сокак. А сакав да го опееме и Бекирлија, каде за жал единствени жители сега се Атиџе и брат и Феим. Порано беше и мајка им но за жал почина. Би сакала сите да го посетите селото, бидејќи кога јас го посетив  сф=атив дека од тој ден па натаму мојот живот не е ист, ја промени мојата насмевка, моите погледи на се и ми даде воља за живот и тогаш сфатив, кога тие можат да живеат така и да не ја изгубат вољата за напредок, зошто не и ние кои имаме се, но забораваме што се ни дал Бог. Затоа како во шега ми дојде музиката за песнава, со леснотија ми дојде текстот, рече Сузе.

-Многу сум среќна што сум тука и многу ја сакам оваа песна. Пее за Овче Поле, сакам да чујат лугето бидејќи е богато со лозарство, жито и тутун, рече Атиџе.

Аранжманот за оваа песна е на Роберто Поп Димитров, а камера и монтажа е „Венов медиа видео“.

(В.М.)

Фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1