ММС

Објавено на: 07/7/21 10:15 PM

(ВИДЕО) GTA 6 нема да излезе пред 2024 година

Toм Хендерсон е познат „liker“ на хит-виртуелните игри „Battlefield“ и „Call of Duty“, а минатата седмица објави видео во кое детално зборуваше за гласините и предикциите поврзани со „GTA 6“.

Хендерсон верува дека играта ќе го содржи делот Vice City и дека мапата ќе се менува со тек на времето, баш како што Epic Games сака често да ја „шминка“ „Fortnite“. Во видеото се споменува дека играта ќе може да се игра со повеќе различни ликови, вклучувајќи и женски протагонист кој ќе се занимава со хакирање, пишува „play.co.rs“.

Во видео-презентацијата, тој ја сподели и својата прогноза за датумот на излегување на играта. Rockstar влезе во „кал“ кога во јавноста излезе бруталниот распоред за развој на Red Dead Redemption 2 што ги оптовари работниците, така што компанијата веројатно не помислува уште еднаш да се најде во слична ситуација. Баш поради тоа, Хендерсон верува дека играта нема да излезе пред 2024 или 2025 година.

Неколку гејминг извори се сложија со неговата проценка, но секако таа се зема со резерва бидејќи засега нема ништо официјално. Комплетното видео може да се погледне во продолжение.

 

 

 

Извор:

b92.net

Фото:

Youtube / ZacCoxTV


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1