ММС

Објавено на: 07/7/21 5:05 PM

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, убиен во атентат извршен во неговиот дом

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, е убиен во атентат извршен во неговиот дом, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на локалните медиуми, преку соопштение од Кабинетот на Претседателството на Хаити се истакнува дека врз Моиз во неговиот дом е изведен напад од страна на неидентификувани вооружени лица.

Во соопштението се вели дека Моиз го загубил својот живот во атентатот, додека неговата сопруга Мартин Моиз е повредена и е пренесена во болница.

Инаку, во Хаити веќе извесно време владее политичка нестабилност, а Моиз во февруари во изјава за медиумите нагласи дека имало обид за атентат врз него.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1