ММС

Објавено на: 07/7/21 3:49 PM

Леонардо да Винчи има 14 живи потомци во Италија

Во Италија живеат 14 потомци на генијалниот сликар Леонардо да Винчи (1452-1519), пишува весникот „Авенире“.

Новото родово стебло на семејството Да Винчи го утврдија двајца професори, Алесандро Вецози и Ањезе Сабато, кои ги објавија резултатите од нивното 10-годишно истражување во научното списание „Човечка еволуција“.

Наследниците на ренесансниот гениј, сега живеат во околината на Фиренца, презимето им е Винчи, имаат од една до 80 години и работат обични работи како службеник, геодет и слично, наведува Танјуг.

Во 2016 година, двајца научници го утврдија генеалошкото дрво на семејството Да Винчи, а потоа утврдија само двајца директни машки потомци, од кои едниот беше италијанскиот режисер Франко Зафирели, кој почина во меѓувреме.

Ново надополнетото семејно стебло на семејството Да Винчи се заснова на машки потомци во период од 690 години, вкупно 19 генерации.

Според научните истражувања, хромозомот Y се пренесува исклучиво преку машката линија и останува непроменет до 25 генерации.

Споредбата на хромозомот Y кај живите потомци на Леонардо да Винчи и оној идентификуван во остатоците од неговите предци може да ги открие причините за неговата генијалност, но и физичката состојба на Леонардо да Винчи, наследните болести и причините за неговата прерана

Извор: Политика.рс

Фото: RTV (Aleksa Otaševic)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1