ММС

Објавено на: 07/7/21 2:11 PM

Една од најубавите холивудски актерки крие дека е бремена

Холивудската актерка Скарлет Јохансон е бремена, пренесуваат американските медиуми. Таа очекува уште едно дете со сопругот Колин Џостон.

Близок извор на актерката ја потврди оваа информација за медиумите.

„Скарлет е бремена, но го чуваше тоа во тајност. Не ширеше наоколу“, рекол еден од нејзините пријатели и соработници.

Дека оваа информација е точна, докажува и фактот дека убавата 36-годишна девојка ги пропушти повеќето промотивни настани поврзани со нејзиниот нов филм „Црна вдовица“ во последните неколку недели.

Скарлет веќе има едно дете, шестгодишната ќерка Роуз Дороти Дуриак, од бракот со францускиот новинар Роман Дуриак, со кого беше од 2014 до 2017 година.

Колин и Скарлет разменија брачни завети во октомври 2020 година по интимна церемонија во Њујорк, по три години врска.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1