ММС

Објавено на: 07/7/21 1:33 PM

Вкупно 10 случаи на делта сојот досега регистрирани во земјава: Можно е да се воведат нови мерки на границите

Вкупно десет случаи на зараза со делта сојот на коронавирусот се регистрирани во земјава – потврди денеска министерот, Венко Филипче. Заразените не биле вакцинирани, што според Филипче, укажува на важноста од вакцинацијата. Четири од овие случаи се нови и се детектираји во лабараторијата на МАНУ, а се работи за два пара кои патувале во странство.

И покрај новата индиска мутација, во Македонија не се очекуваат некои нови рестрикции освен евентуално на границите.

„Ова е ситуација која ни покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцината штити од тешка форма на болест и од смрт. Тоа е и суштината, гледаме што се случува во Британија. Таму иако се шири индискиот сој имаме целосно попуштање на мерките. Ние не знаеме дали  во иднина ќе има нова мутација на вирусот, што значи дека едно од предвиденото сценарија е дека пандемијата може да трае повеќе години. Тоа не значи дека треба да живееме затворени. И да е присутен вирусот, и да има нова мутација, ако вакцинираните се заразат ќе имаат форма на настинка“, додаде Филипче.

Тој посочи дека позитивните на индиската мутација немале многу контакти, односно контактирале само со членовите на нивните семејства.

„Нема епидемиолошки ризик, тоа го разговаравме со лекарите. Сега епидемиолозите ја вршат онаа работа што ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација и така натаму“, додаде тој.

Министерот за здравство најави дека до крајот на оваа недела ќе разговараат со Комисијата за заразни болести за да се водат рестриктивни мерки евентуално на границите за влез во државава, но не и нови мерки за реорганизација на она што сега функционира како отоврени установи, угостителски објекти и слично.

„Тоа сега ќе го разговараме, бидјеќи многу граѓани патуваат. Разговаравме дека во целиот регион епидемиолошките ситуации беа малтене исти, а сите земји имаа различни  мерки. Грција 10 месеци беше целосно затворена, Србија беше прилично отворена.  Секаде беа исти брановите. Битно е и во тој дел да имаме координација, но на крајот на неделата ќе одлучиме“, истакна тој додавајќи дека целта е да живееме нормално вакцинирани.

За неколку месеци можеби ќе се појави нов сој, кој побргу ќе се шири од овој. Важно е луѓето да се вакцинираат.

Очекувањата се дека доколку новата мутација е покантагиозна, ќе стане доминанта.

Доколку сме вакцинирани во висок процент, колку и да е позаразна нема да се повтори сликата со британскиот сој.

Според досегашната статистика, во земјава веќе се вакцинирани околу 390 илјади граѓани, од кои 240 се ревакцинирани. До крајот на неделава се очекува да бидат вакцинирани и оние шеесетина илјади граѓани кои веќе добиле термин за вакцина. Заедно со оние кои се имунизираа во Србија, овде ќе имаме околу 500 илјади граѓани вакцинирани.

 

В. Ми


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1