ММС

Објавено на: 07/7/21 1:06 PM

Автомобил удри во тротинет – Тешко повредена жена во Скопје

Сообраќајна несреќа во Скопје, автомобил удри во тротитнет, повредено едно лице.

– Вчера во 09.00 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(33) од Скопје и тротинет, управуван од В.Д.(54) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, стои во соопштението на МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1