ММС

Објавено на: 07/7/21 11:12 AM

Извозот во првите пет месеци зголемен за 44,3 отсто, а увозот за 39,5

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021, изнесува 2 825 215 000 евра и бележи пораст од 44.3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај е 3 834 407 000, што е за 39.5 проценти повеќе во споредба со првите пет месеци лани, соопшти Државниот зваод за статистика.

Трговскиот дефицит изнесува 1 009 192 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз е 73.7 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот. Во увозот се застапени најмногу другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и  нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – мај 2021 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и НР Кина.

 

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1