ММС

Објавено на: 07/7/21 11:10 AM

Не’ очекуваат темепратури и до 40 степени: За викендот се најавува невреме

Сончево и многу топло ќе биде времето утре. Максималните температури вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Во петок и понатаму ќе биде многу топло, облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Нестабилно време на повеќе места ќе има и во деновите од викендот, кога во попладневните часови наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата овие два дена ќе биде пониска за неколку степени – посочуваат од УХМР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1