ММС

Објавено на: 07/7/21 12:05 PM

Кара била киднапирана, дрогирана и силувана и успеала да му помогне на сериски убиец – Денес јавно зборува за своето искуство

Кара Чемберлејн била 15-годишна девојка кога доживеала најголеми ужаси – била киднапирана под закана со пиштол, дрогирана и злоупотребувана 18 часа. Откако успеала да избега, полицијата открила дека нејзиниот киднапер бил вмешан во убиства на уште најмалку три други лица во Вирџинија.

Во 2002 година, Кара наводнувала растенија пред куќата на нејзината пријателка во Вирџинија, кога странец запрел со автомобил и прашал дали сака брошури за нејзините родители. По неколку секунди, тој извадил пиштол и ја присилил да влезе во автомобилот.

Кара била киднапирана и подложена на ужасно злоставување и насилство пред да успее да избега. Нејзин киднапер бил Ричард Евониц, кој веќе убил најмалку три лица пред да ја киднапира Кара.

Говорејќи за Би-Би-Си, Кара, која денес има 34 години, откри како успеала да избега и да продолжи со својот живот.

“Дојдов во ситуација да направам план за бегство. Штом пиштолот допре дел од моето лице, знаев, јас сум мало 15-годишно девојче, ова е возрасен човек. Не можам да се борам со него, која е мојата следна најдобра опција? “, раскажа Кара што и поминувало низ главата во тоа време.

Кара била принудена да влезе во пластичен контејнер во неговиот автомобил и ја однел во еден стан, каде била дрогирана и сексуално злоставувана.

Таа била држена 18 часа пред да ја искористи можноста да избега следното утро.

“Избгеав следното утро додека тој спиеше, успеав да ги олабавам лисиците и да станам од креветот додека тој беше до мене. Бегав од станот и истрчав кон автомобилите што минуваа пред зградатa„, раскажала Кара, која додала дека додека трчала лисиците и биле на нејзините зглобови.

„Му реков на човекот во автомобилот дека сум киднапирана и го замолив да ме одведе во полиција, што тој го стори“, додаде таа.

Кога сфатил дека Кара избегала, Евониц побегнал.

“Кога полицијата отиде во неговиот стан, откри неколку работи што укажуваа дека можеби имало нешто друго освен овој случај. Тие започнаа истрага и открија дека тој е одговорен за најмалку три убиства во Вирџинија”, рече таа.

Евониц побегнал на Флорида, а кога полицијата го опколила, тој се самоубил.

Властите подоцна пронајдоа докази кои го идентификуваат како лице одговорно за убиствата на три девојчиња.

Кара сега е мајка на две деца и сега јавно зборува за своето искуство и траумата што ја преживеала.

„Не ми се допаѓа што мора да го преземеме товарот врз себе за да се заштитиме, но сè додека општеството не се промени, тоа ќе биде така“, заклучи таа.

Преведено од: https://www.kurir.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1