ММС

Објавено на: 07/7/21 10:23 AM

(Видео) Со музички оркестар го прославил разводот: Мексиканец едвај дочекал да се раздели од сопругата

Маж од државата Коахила се забавувал со локален музички оркестар на денот кога се разведувал од сопругата. Мексиканецот бил прилично расположен и тоа се гледа и на видео снимката која стана хит на интернет, а на која се забележува дека тој им дава „наредба“ на музичарите да му ја отсвират неговата омилена песна “Cabrón y Vago” (Гад и кошар) пред да дојде неговата, наскоро, поранешна сопруга.

„Очевидците“ тврдат дека  Мексиканецот бил среќен како мало дете кога ги потпишувал документите за развод, а на жената и’ рекол дека едвај го чекал тој ден. Сепак, непознато е која е причината за разводот, но едно е сигурно – снимката од доаѓањето на оркестарот на тоа случување стана вирално.

 

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1