ММС

Објавено на: 07/7/21 10:01 AM

Македонската кинематографија дел од престижниот Кански филмски фестивал и филмскиот маркет

По паузата од една година, Агенцијата за филм повторно е присутна на физичкото издание на филмскиот маркет во Кан со цел да ја промовира и презентира македонската кинематографија во рамките на SEE Pavilion (павилјон на земјите од југоисточна Европа). Оваа година за првпат имаме и филм во официјална селекција – краткометражниот филм „Северен пол“ на Марија Апчевска.

Најновиот краткометражен филм на Марија Апчевска својата светска премиера ќе ја има на 16 јули, во 11 часот во салата „Дебиси“.

На проекцијата ќе присуствува и дел од екипата на филмот, а за оваа пригода Агенцијата за филм организира и коктел забава (15. Јули) на која ќе бидат поканети соработници и претставници од европската и светската филмска индустрија присутни на Канскиот филмски фестивал.

Македонски филмови на филмскиот маркет (Marche du film)

Во рамките на Филмскиот маркет, ќе бидат проектирани и два македонски филма, „Снежана на крајот умира” на Кристијан Ристески, кој ќе биде прикажан на 9. јули во 11:30часот, во Palais F. Во истата киносала своја проекција ќе има и филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски, на 11 јули во 11:30 часот.


74 – то издание на филмскиот фестивал во Кан ќе трае од 6. до 17. јули, а ќе го отвори францускиот филм “Анет” на Леос Каракс.

Џоди Фостер, Мет Дејмон, Стив МекКвин се меѓу гостите говорници на ова издание на фестивалот. Главната ѕвезда на овој дел од програмата се’ уште не е откриена.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1