ММС

Објавено на: 07/7/21 9:13 AM

На Алексиќ му се заканува 20 години затвор – Сите докази се собрани за силувањата!

Професорот по глума Мирослав Мики Алексиќ му се заканува затвор од дури 20 години поради наводно силување на студентки и незаконски дејствија што ги извршил врз нив.

Минатата недела, Високиот суд во Белград го потврди обвинението против Мирослав Мики Алексиќ, обвинувајќи го за обљуба и сексуално злоставување на неговите седум студенти во училиште за глума во Белград, и било утврдено дека тој извршил силување и незаконски сексуални дејства во периодот од 2008 до 2020 година.

Поради овие дела му се заканува со казна од пет до 15 години затвор, или две до 10 години затвор.

Во пракса, тоа не значи дека тој ќе биде осуден на 15 или 10 години, но тој ќе мора да биде осуден одделно за секое кривично дело за кое се товари.

Според Милан Кнежевиќ, од Здружението на судии и обвинители на Србија и основниот јавен обвинител во Бачка Паланка, според Кривичниот законик на Србија, Алексиќ може да биде осуден на максимум 20 години затвор.

 

Извор и фото: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1