ММС

Објавено на: 07/7/21 8:23 AM

Субвенциониран оброк може да користат редовните студенти од државните и приватните универзитети

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи. Оваа финансиска поддршка ќе стартува од октомври годинава, а студентите за да ги добијат средствата освен што треба да се државјани на Република Северна Македонија, треба да ги исполнуваат и следните услови:

-да не се во редовен работен однос;

-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци;

-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1