ММС

Објавено на: 07/7/21 7:52 AM

Стотина млади заразени со делта сојот на плажа во Грција, во најава се нови рестрикции

Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција рапидно расте, а позаразниот делта сој се шири рапидно, особено кај младите.

Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина, биле заразени околу стотина млади, јавуваат грчките медиуми.

Затоа, најавени се нови ограничувања. Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат седишта.

Во последните 24 часа се регистрирани 1.797 новоинфицирани лица, од кои над 1.000 во поширокиот регион на Атика, а осум пациенти починаа. Има 168 пациенти на апаратот за дишење.

Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардијас предупреди дека во последните 10 дена просечната возраст на новозаболените лица е 27 години и дека 32 проценти од нив најверојатно биле заразени на собири на отворено.

„Позаразниот вид Делта можеби стана доминантен и се шири во Грција“, рече тој, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат.

Тој додаде дека има голем скок во бројот на случаи, кои се зголемени скоро тројно од 28 јуни.

“Вакцинирајте се сега. Особено помладата генерација треба да ги заштити своите родители и другите постари”, рече тој за грчката национална телевизија ЕРТ.

Преземено од: http://www.rtv.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1