ММС

Објавено на: 07/7/21 7:26 AM

Скопје во сообраќаен метеж, семафорите без струја – Кои места утрово да ги избегнувате за возење

ЦУКС известува дека во овие утрински часови во Скопје сообраќајот е закочен долж булулеварот Илинден во двете насоки, булеварот Кузман Јосифовски Питу кон Центар, улицата Свети Кирил и Методиј кон Водњанска, булеварот Гоце Делчев во двете насоки. ЦУКС известува и дека поради прекин во струјната мрежа,  семафорите на крстосницата помеѓу булевар Киро Глигоров и улицата Перо Наков нема да работат.

Центарот известува дека автобускиот сообраќај на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, а велосипедските патеки се чисти и проодни.

Апелира и до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, почитувајќи ја сообраќајната сигнализација особено ако се движат кон овој потег.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1