ММС

Објавено на: 07/6/21 8:51 PM

МД „Илинден”- Тирана дава целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМН

Македонско друштво „Илинден”-Тирана дава целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се заштитат „националните интереси во спорот за македонскиот јазик, идентитет и историја што Бугарија ѝ го наметна на Северна Македонија пред преговорите со ЕУ”.

Во соопштението, друштвото, додава дека Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една влада не смее да отстапи.

– Во создавањето на текстот на Резолуцијата свој придонес имаат МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Таа ги содржи националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси и од кои ниту една влада не смее да отстапи. Ги повикуваме сите политички партии во татковината Македонија, сите македонски организации во светот да ја поддржат ова Резолуција, истакна македонското друштво „Илинден”-Тирана.

На крајот на соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај, се порачува дека „македонскиот јазик, идентитет, историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори”.

 

 

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1