ММС

Објавено на: 07/6/21 8:12 PM

(ВИДЕО) Шмајхел: А дали некогаш всушност фудбалот бил „дома“?

Данска и Англија утре во вториот полуфинален дуел, на „Вембли“ ќе се обидат да закажат финале на ЕУРО 2020 со подобриот од Шпанија и Италија. Данците за втора, прва по приближно три децении, додека пак Англичаните за прв титула европски првак во својата историја.

Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел, на прес-конференцијата во пресрет на натпрвеварот, на новинарско прашање поврзано со потенцијалната титула на Англија на овогодинешниот турнир и фамозното „It’s coming home“, позната фудбалска фраза на Островот извлечена од легендарната навивачка химна oд Three Lions – Football’s Coming Home, имаше поприлично интересен и циничен одговор што нема да им се допадне сигурно на фановите на Гордиот Албион.

 

Новинар: – Колку би ви значело тоа што би го запреле фудбалот да се врати дома?

Шмајхел: – Дали некогаш бил всушност фудбалот „дома“? Не знам, имате некогаш освоено ЕУРО?

Новинар: – Па, во 1966 година, Англија беше Светски првак.

Шмајхел: – Во ред, но тоа е Светско првенство. Зборуваме за Европско првенство.

 

Помеѓу навивачите и младите на интернет просторот, оваа ситуација се нарекува „упс“. Шмајхел ја отвори горливата тема за која Англичаните свесно или несвесно не ја споменуваат во прв план, но фактите и историографијата зборуваат сосема поинаку. Верувале или не, фудбалската селекција на Англија никогаш не ја покорила Европа.

Од друга страна пак, Данците во 1992 со победата на Германија во Гетеборг од 2:0, за првпат станаа шампиони и ја изненадија спортската јавност.

 

 

 

Фото:

Twitter

 

д.ј

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1