ММС

Објавено на: 07/6/21 5:21 PM

Новиот Peugeot 9×8 Hypercar – дизајниран за тркање!

„Спонзориран текст“

6 Јули 2021

PEUGEOT го припреми новиот 9X8, најнова генерација на предизвикувачкиот Hypercar, кој е подготвен да дебитира на Светскиот шампионат за издржливост на FIA (FIA WEC) во 2022 година. Придвижуван од хибридна енергетска единица со погон на сите 4 тркала, овој хипер-ефикасен прототип совршено се вклопува во стратегијата на PEUGEOT за Нео-перформанси, која е насочена и кон патните и тркачки автомобили кои обезбедуваат одлични перформанси.

Работата на инженерскиот тим на PEUGEOT SPORT и PEUGEOT Design се координираше како никогаш порано за да го произведат 9X8 кој ја најавува новата ера во мото трките. Поради неговите уникатни линии, отсуството на задно крило и моќниот идентитет на брендот се издвојува од другите. Иновативните технички решенија и неговиот мачкаст изглед се истакнуваат како традиционални белези на PEUGEOT.

PEUGEOT 9X8 – најновиот кандидат за трки за издржливост на брендот – е директен наследник на PEUGEOT 905, победник на Le Mans 24 часа во 1992 и 1993 година и на PEUGEOT 908, кој ја освои француската класика во 2009 година. Новиот прототип е подготвен да го продолжи долгото и успешно учество на брендот во светските мото-спортови со високо конкурентни автомобили кои го имаат моќниот и веднаш препознатлив идентитет на брендот.

Името на новиот Hypercar на PEUGEOT е PEUGEOT 9X8.

„9“ ја продолжува серијата која ја користи производителот за своите неодамнешни тркачки автомобили наменети за трките за издржливост, имено PEUGEOT 905 (кој се натпреваруваше од 1990 до 1993 година) и 908 (2007 до 2011 година) станаа икони на брендот.

„Х“ се однесува на технологијата на погон на сите тркала на PEUGEOTи хибридниот погонски агрегат што е олицетворение на стратегијата за електрификација на брендот во светот на мото-трките.

„8“ е наставка што се користи за сите сегашни имиња на модели на PEUGEOT, од 208 и 2008, до 308, 3008, 5008 и, се разбира, 508 кој неодамна помина низ рацете на инженерите и дизајнерите кои изработија Hypercar кој стана првиот автомобил кој ја носи ознаката на Peugeot Sport Engineered.

Двата PEUGEOT 9X8 ќе се натпреваруваат на Светскиот шампионат за издржливост на FIA во 2022 година.

„Тоа е првиот тркачки автомобил кој има стил до оваа мера“, рече Kevin MAGNUSSEN.

Зборовите на данецот ги повтори и американецот Gustavo MENEZES: „PEUGEOT отвора ново поглавје во мотоспортот со 9X8. Ќе имаме главна улога во пишувањето на приказната!

“Предниот и задниот светлосен потпис на 9X8, кој има форма на три лавовски канџи, е познат заштитен знак на PEUGEOT, додека новото лого на брендот „главата на лавот“ се карактеризира со позадинско осветлување на страничната и на предната страна на автомобилот. Selenium сивата и контрасната Kryptonitе зелена/жолта боја ја нагласуваат каросеријата и патничката кабина и ја одразуваат шемата на бои избрана за новата линија PEUGEOT SPORT ENGINEERED, претставена со 508 и 508 SW.

Дизајнерите, исто така, посветија исклучително внимание на ентериерот на 9X8. „Сакавме да имаме посебен пристап кон патничката кабина, која досега има тенденција да биде чисто функционалн и нејасен аспек кај тркачките автомобили, без идентитет на брендот“, нагласува Matthias HOSSANN. „Комбинацијата на нашата шема на бои и PEUGEOT i-Cockpit-от обезбедија во патничката кабина на 9X8 карактеристично чувство и го прават веднаш препознатлив како PEUGEOT “.

Надворешно, извајаните тркала придонесуваат за избалансирани линии на јасните, остро структурирани крила на автомобилот, отворите за крилата го откриваат горниот дел од пневматиците и совршено интегрираните ретровизори придонесуваат за впечаток дека протокот на воздух поминува непречено преку автомобилот.

„Јас ги познавам тимовите на PEUGEOT Design и PEUGEOT Sport.  Тие секогаш даваат квалитетна, иновативна работа, но морам да признаам дека 9X8 ме воодушеви. Едноставно е прекрасен“, вели Главниот извршен директор на PEUGEOT, Linda JACKSON. „Начинот на кој неговите иновативни, впечатливи линии даваат толку моќен идентитет на брендот, е маестрален“.

„Отсуството на задно крило на PEUGEOT 9X8 е голем иновативен чекор“, вели директорот на Stellantis Motorsport, Jean-Marc FIONOT. „Постигнавме одреден степен на аеродинамичка ефикасност што ни овозможува да ја отстраниме оваа одлика. Не прашувајте како, сепак! Имаме целосна намера да ја чуваме тајната се додека можеме! “

Остранувањето на задното крило обезбеди слобода да дизајнираме елегантна силуета што не е видена со децении. Навистина, работејќи рака под рака со нивните колеги инженери, дизајнерите максимално ја искористија можноста да создадат хармоничен спој на динамични, извајани форми кои формираат чиста, убедлива површина помеѓу истакнатите лакови на тркалата.

Хипер-ефикасен хибриден погонски систем

 

Од најавата за учество на PEUGEOT во септември 2020 година за вклучување во новата класа Le Mans Hypercar трки за издржливост, фабриката во Версај, близу Париз, работи со пона парена на 9X8.

Како што беше планирано, задниот дел од автомобилот, 2,6-литарски, би-турбо, 500kW (680кс), 90-степен V6 – мотор со внатрешно согорување дел од погонскиот систем на PEUGEOT HYBRID4 500KW – од април поминува километри на станицата за тестирање.

Во меѓувреме, се инсталираат моторот-генератор од 200 kW, секвенцијалниот менувач со седум степени и батеријата во согласност со распоредот за валидација на станицата за тестирање. Моќната, технолошки софистицирана, високонапонска батерија (900 волти) со висока густина се развива од страна на PEUGEOT Sport и Saft заедно со TotalEnergies.

„Нашата цел во однос на нашите енергетски барања е беспрекорна сигурност и совршена контрола“, објаснувa Jean-Mark FINOT. Le Mans стана 24-часовна спринтерска трка каде што може да се победи или изгуби онолку бројот пати колку што се натпреварувате. Исклучителната енергетска ефикасност на новите Hypercars претходно го дефинира она што ќе го видиме наскоро во светот на патните автомобили. Ова испитување имаше огромно влијание врз нашата работа на пакетот PEUGEOT 9X8, чијшто аспект треба да придонесе за постигнување на хипер ефикасност, од неговиот погонски агрегат до неговата аеродинамика “.

Le Mans, лабораторија за PEUGEOT

 „Учеството на PEUGEOT во трките за издржливост има повеќе отколку спортски аспект“, тврди Linda JACKSON. „Трките за издржливост се форма на мото-спортот што ни обезбедува екстремна лабораторија, што објаснува зошто нашата поврзаност со Le Mans е толку силна. Позначајни можеби од резултатите што ги добиваме на тркачката патека се можностите што ги дава за да ја докажеме нашата технологија или плодот на нашата истражувачка работа за трка што Ве фрла во екстремни услови 24 часа. Le Mans ни обезбедува конкурентно опкружување за да ги потврдиме хибридните системи и технологии што во моментов ги развиваме за да ја намалиме потрошувачката на гориво – а со тоа и емисијата на СО2 – на нашите патни автомобили. Екипите на PEUGEOT Sport се горди кога ќе видат дека нивното истражување е пренесено на нашите производствени модели. За нашите клиенти, Le Mans е лабораторија која сведочи за квалитетот на нашите автомобили “.

 

PEUGEOT 9X8 – Teхнички податоци

Класа: Le Mans Hypercar (LMH)

Должина: 5.000mm

Ширина: 2.080 mm

Висина: 1.180 mm

Меѓуоскино растојание: 3.045 mm

Погонски агрегат: PEUGEOT HYBRID4 500KW (погон на сите четири тркала)

Заден погоски агрегат: 500kW (680кс), 2.6L twin-turbo, 90-степен V6 бензински мотор со внатрешно согорување + седум-степен секвенцијален менувач

Преден погон: електричен мотор – генератор 200kW + редуктор со една брзина

Батерија: Батерија со голема густина, 900 волти, дизајнирана од Peugeot Sport, TotalEnergies / Saft

Гориво и мазива: TotalEnergies


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1