ММС

Објавено на: 07/6/21 11:16 AM

До крајот на неделава треба да стигне лекот „калидеко“ за пациентите со цистична фиброза, најави Филипче

Денес ќе се знае кога точно ќе стигне лекот „калидеко“ за пациентите со тешка форма на цистична фиброза. Министерот за здравство, Венко Филипче очекува тоа да се случи до крајот на оваа недела.

„Од секторот за ретки болести вчера пробаа да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Лекот треба да стигне од Велика Британија. Пробавме преку меил да искомуницираме за да се прати лекот и да стигне по ДХЛ што поскоро, а во МАЛМЕД да направат постапка за одобрување за пуштање на лекот во промет и покрај тоа што официјално постапката не е завршена.  Сега имаме и административна пречка ама ќе ја надминеме“, истакна Филипче.

Тој веќе разговарал со директорот Лирим Шабани, кој како што рече Филипче, рекол рече дека ќе излезат во пресрет.

Лекот „калидеко“ беше набавен за првпат во април годинава, но само за два месеца. Откако трите пациентки со тешка форма на болеста, за кои всушност беше наменет лекот, останаа без него, јавно преку медиумите апелираа да биде набавен. Со солзи во очите тие раскажаа дека без овој лек, состојбата им е многу полоша и не можат да функционираат самостојно.

 

В. Ми


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1