ММС

Објавено на: 07/6/21 2:00 PM

Шпанија никогаш не загубила полуфинале на Еуро2020, ќе ја прекине ли Италија традицијата?

Светските великани Шпанија и Италија вечерва (21 часот) на славниот „Вембли“ ќе се судрат во првото полуфинале на Еуро2020.

Ова е едно од најнепредвиливите пресметки на Европскито првенство досега затоа што двете земји ќе влезат во дуелот со израмнета статистика после 37 натпревари – секоја од нив има по 11 победи, а 15 пати одиграле нерешено.

Шпанија влегува во мечот со една традиција која е на нејзина страна – никогаш не загубила полуфинална пресметка. Досега ја победиле Унгарија (1964 година), Данска (1984), Русија (2008), Португалија (2012).

И Италија има четири полуфиналиња на ЕП, но загубила едно во 1988 година од тогашниот СССР со 0-2. Првото полуфинале Италија го доби против СССР (1968), во 2000 година ја добија Холандија на пенали, а во 2012 година ја поминаа Германија.

Шпанија има три европски титули во 1964, 2008 и 2012 година и една светска во 2012 година, а Италија има само едно европско злато од 1968 година, но четири светски круни од 1934, 1938, 1982 и 2006 година.

фото: Marca.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1