ММС

Објавено на: 07/6/21 1:30 PM

Сите плачат од зборовите напишани на споменикот на принцезата Дајана

На денот кога би бил 60-ти роденден на принцезата Дајана, нејзините синови принцовите Вилијам (39) и Хари (36) ја открија нејзината статуа во градините на палатата Кенсингтон во Лондон, каде што живеела.

Пред бронзената скулптура, на која е прикажана Дијана со три деца, на земјата има плакета со стихови од песна што има посебно значење за нејзините синови. Станува збор за песна „The Measure of A Man“ од анонимен автор, а стиховите гласат:

“Ова се мерила за вредностите на жената како жена, неповрзани со нејзиното раѓање. Не каква беше нејзината позиција, туку дали имаше срце? Како ја играше улогата што Бог ја намени за неа?”

Се работи за песна што често се чита на погребите, а исто така била дел од комеморацијата за 10-годишнината од смртта на Дијана во 2007 година. Во овој случај, стиховите се малку изменети, така што личните заменки одговараат на женски род.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1