ММС

Објавено на: 07/6/21 10:20 AM

Следната недела почнува теренската вакцинација против ковид-19

Следната недела почнува теренската вакцина против коронавирусот – најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Оваа недела се вакцинираат шеесетина илјади граѓани кои се пријавени за вакцинација, а ресорниот министерот очекува со теренската вакцинација да се зголеми опфатот на имунизирани граѓани.

„Оваа недела се вакцинираат нешто над 60. 000 граѓани кои се пријавени за вакцинација.  Денеска завршува во повеќе здравствени домови тој процес. Останува во спортските сали за масовна имунизација, останува во Скопје, Тетово и Битола. За сите граѓани кои од сега ќе се пријават за вакцинација, вакцинацијата ќе се закажува во пунктовите во здравствените домови и поликлиниките во Скопје.  Во салите ќе продолжи ревакцинацијата заклучно со последните денови од јули, за во август да функционираат пред се’ здравствените домови и поликлиниките“, изјави Филипче.

Тој информира дека теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом во зависност од бројот на жители во помалите места.

 

В. Ми


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1