ММС

Објавено на: 07/6/21 10:15 AM

Бочварски од Крањ: На транспортерите им се потребни олеснувања на граничните премини и модерни патишта

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Брдо кај Крањ, Република Словенија учествуваше на Министерски состанок за прекуграничното поврзување на земјите од Регионот на Западен Балкан и Европската Унија во организација на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.

На министерскиот состанок, присуствуваа министрите за транспорт на Република Грција, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска,Црна Гора, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија.

“Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е исто така еден од нашите приоритети и вклучува подобрување на безбедноста на патниот и железничкиот транспорт, воведување на ИТ технологии и имплементација на интелигентни транспортни системи во транспортниот сектор Нашата Влада ја промовира регионалната соработка со ставање во центарот на вниманието на регионалната и меѓународната димензија на сите видови на транспорт преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура долж основната и сеопфатната мрежа на TEН-T што минува низ земјата”, истакна министерот Бочварски.

Во рамки на дискусијата на темата за подобрување на граничното управување,  министерот Бочварски истакна дека билатералните договори со соседните земји за заеднички гранични премини се ефикасна алатка за подобрување на транспортот на стока и патници на граничните премини.

Министерот Бочварски истакна дека, паралелно со билатералните договори, потребно е да се подобри транспортната инфраструктура на граничните премини и по должината на транспортните Коридори 8 и 10.

Во рамки на министерскиот совет тој и оддржа билатерална средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас Караманлис.

На средбата се разговараше за поинтензивна соработка помеѓу двете министерства како и обновување на железничката линија Битола – Лерин долж Коридорот 10-д.

На маргините на Советот се одржа и средба со Асоцијациите на транспортери од Словенија на која покрај министерот Бочварски присустваа и министрите од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.  На состанокот се разговараше за олеснување на транспортот на граничните премини, изнаоѓање на начини на поедноставување на процедурите како и проширување на зелените ленти на граничните прмини со земјите членки на ЕУ од регионот.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1