ММС

Објавено на: 07/6/21 10:09 AM

Македонија се сака со „Леб и сол“, „Суперхикс“, Бени „Нон стоп“, „Ареа“, ДНК, Слаткаристика… Три дена „Аларм фест“ во Охрид

Македонија сака, Македонија може и Македонија има музика за тридневен стадионски фестивал!  Ова е најавата за „Аларм фест“, кој ќе се одржи од 31 јули до втори август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

За прв пат во историјата на независна Македонија големиот национален празник Илинден ќе го прославиме со повеќе од 100 македонски музички артисти.  „Аларм фест“ со цел да ги исполни желбите на сите возрасти и вкусови, за оваа година го направи следниот избор на артисти:

31.07 -Ареа, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, ДНК и Ris Flower!

01.08 – Галоски, Слаткаристика, ЛД Пистолеро & Гоце Саф feat. Ронин, Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu и Пајак!

02.08 – Фестивалот празнично ќе биде затворен со настап на нашите легенди  „ Леб и сол“

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре. За сите оние кои сакаат да ја поддржат и уживаат во македонската музика за еднодневна влезница треба да издвојат: партер – 500 денари, трибина – 800 денари, ВИП – 1.000 денари.

Тридневните блок влезница чинат: партер – 1. 200 денари. трибина – 2. 000, ВИП – 2. 500 денари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1