ММС

Објавено на: 07/6/21 3:00 PM

(Видео) Диносаурусите се уште беа живи кога Англија беше првак – Бизарна најава на Патрис Евра за полуфиналето на Еуро2020

„Ајде момци, вие тоа го можете! Се враќа дома, се враќа дома, риба и помфрит, риба и помфрит!“, врескаше францускиот фудбалер Патрис Евра во својот автомобил држејќи сурова риба и помфрит во својата необична најава за полуфиналниот натпревар Англија – Данска кој ќе се одигра утревечер на „Вембли„ во Лондон.
Во едно од најбизарните видеа кои досега ги објави, бившиот француски фудбалер Патрис Евра (40) тој ја поддржа англиската репрезентација за освојувањето на Еуро2020 пеејќи ја песната „Ве славиме“ од Фетбој Слим.

Бившиот играч на Манчестер Јунајтед во видеото кое го објави на социјалните мрежи на својствен начин навива за избраниците на селекторот Герет Саутгејт. Иако неодамна рече дека диносаурусите се уште биле живи кога Англија го освои последниот трофеј, Евра на цел глас ја поддржа Англија:

“Ајде момци, вие тоа го можете!“.

Целиот перформанс Французот го изведе во возилото со една патика, а во еден момент ја лизна рибата, ја помириса па го отвори прозорецот затоа што му смрдело. Потоа Евра ја фрли храната и излезе низ кровот на автомобилот.

 

извор: 24sata.hr

видео: Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1