ММС

Објавено на: 07/6/21 9:04 AM

Делта сојот забрзано се шири: Франција се подготвува за нов бран на вирусот

Најголемите земји на светот ги живеат најлошите денови од почетокот на пандемијата. Делта сојот на вирусот експресно се шири низ светот, па во многу држави дојде до паника поради можниот нов бран. Ситуацијата е се’ полоша во Русија, Франција и Велика Британија.

За само 24 часа во Русија се регистрирани  24.353 случаи на вирусот, кој „уби“ 654 луѓе – соопштија од локалниот штаб за борба против ширење зараза. Ситуацијата беше најлоша во саботата кога во едно деноноќие битката со вирусот ја загубија 697 луѓе, што е најголемиот број на починати во оваа земја од почетокот на пандемијата. Претседателот, Владимит Путин повторно го повика населението да се вакцинира. И францускиот министер за здравство, Оливие Веран апелираше до своите сонародници што побргу да се вакцинираат.

„Заразниот делта сој се шири, стапката на зараза пет дена расте. Примерот со Велика Британија покажува дека до крајот на јули е можно да имаме четврти бран. Нашата земја е во трка со времето“, додаде тој. Британските научници предупредуваат дека олабавувањето на ограничувањата би можеле да бидат како „забрзана изградба на фабрика за нови варијанти на вирусот“. Сепак, новиот министер за здравство Саџид Џавид смета дека актуелниот вирус е грип и не е загрижен поради заразата.

Во меѓувреме, англиската истражувачка агенција Ипсос Мори направи анкета на која помалку од пет проценти од луѓето се изјасниле дека очекуваат животот до крајот на месецов да се врати во нормала. Во анкетата која е спроведена од 18 до 20-ти јули учествувале 997 возрасни лица од Велика Британија.

 

Фото: Илустрација / Designed by Freepik

Извор:  kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1