ММС

Објавено на: 07/6/21 8:25 AM

Го тепал совозачот додека возел – Гостиварец обвинет за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

“Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на оштетениот вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв. Имено, обвинетиот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат кај  игралиште во населба Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото. Потоа обвинетиот насилно го внел оштетениот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка“, соопштија од Основното јавно обвинителство во Гостивар.

Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот кој се спротивставил на насилството, но обвинетиот продолжил да го удира оштетениот кој пак со телесни повреди успеал да избега од самото место.

 

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1