ММС

Објавено на: 07/6/21 7:37 AM

Се собираат пари за погреб – Тешки денови за семејството на починатиот српски диџеј Игор Гарниер

По веста за трагичната смрт на младиот српски диџеј Игор Гарниер, кој работеше и живееше во Америка, започна акција за собирање пари за пренесување на телото од САД и погребни трошоци.
-Почина неочекувано на 4 јули. Ние би ви биле благодарни доколку ни помогнете да го пренесеме неговото тело и да платиме за погребот. Овие се тешки денови за неговите најблиски и секоја помош е добредојдена, апелираат негови блиски.
Целта е да се соберат 25.000 американски долари, а до полноќ биле собрани се 5.510 долари.
Игор почина на 31-годишна возраст за време на тренинг во Вашингтон, објавија медиумите.

Младиот уметник работел со едно од најголемите имиња во електронската музика – Ерика Прица. Тој беше талентиран музичар. Почна да свири пијано на шест годишна возраст, а пред 16 години се запозна со електронската музика.

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1