ММС

Објавено на: 07/6/21 7:28 AM

Ќе задоцните на работа, не возете по булеварите Илинденска, Водњанска, АСНОМ…

ЦУКС известува дека во овие утрински часови во Скопје поголем број возила се  забележуваат долж булевварите „Илинден“ кон Центар, улицата„ Свети Кирил и Методиј“ кон булеварот „Водњанска“, булеварите „Србија“ кон крстосницата со булеварот АСНОМ, улицата „11 Октомври“ од Кисела Вода кон Центар, булеварот „Гоце Делчев“ во двете насоки, булеварите „Киро Глигоров“ во двете насоки.

Центарот известува дека автобускиот сообраќај на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, а велосипедските патеки се чисти и проодни. Што значи доколку не сакате да задоцните на работа, користете автобус, велосипед или тротинет. Времето е убаво.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1