ММС

Објавено на: 07/5/21 11:00 PM

Ѓоковиќ и Федерер лесно се пласираа во 1/4 финалето на Вимблдон

Светскиот рекет број еден се пласираше во 1/4 финалето на престижниот Гренд Слем, победувајќи го леснo чилеанскиот тенисер Кристијан Гарино со 3:0 во сетови (6:2, 6:4, 6:2).

Новак Ѓоковиќ без преголем напор и поприлично едноставно го совлада Гарино, контролирајќи го дуелот во целост, иако се чинеше дека Србинот на моменти делува незаинтересирано и со повеќе грешки од вообичаено. Во првиот сет Ѓоковиќ му препушти само два гема на Чилеанецот, додека пак во вториот, борбата за гемови беше потешка. Сепак, искуството и квалитетот пресудија и во решавачкиот сет актуелниот освојувач на Ролан Гарос го презеде водството од 2:0 во сетови.

Рутинирано и „без пот“, третиот сет за Ѓоковиќ се покажа како формалност. Српскиот тенисер во 1/4 финалето на Вимблдон ќе се соочи дваесет и осумгодишниот унгарски играч, Мартон Фушовиц.

„Кралот на тревата“ и еден од најголемите тенисери во играта, Рожер Федерер, исто така имаше лесен пат до „последните осум“, откако го порази младиот италијански тенисер, Лоренцо Сонего со 3:0 во сетови (7:5, 6:4, 6:2).

За разлика од Ѓоковиќ, Федерер се сретна со проблеми во првиот сет каде што Сонего успеа да му „одземе“ пет гемови и да го намачи Швајцарецот. Вториот сет изгледаше поубедливо за Федерер, иако резултатот не го демонстрира тоа. Добриот сервис и мобилноста на теренот во Лондон го донесоа чекор поблиску до следната фаза на Вимблдон. Овојпат слично како и неговиот ривал од Србија, последниот сет го прикажа Федерер во своето најдобро светло.

Медведев или Хуркач ќе бидат неговите следни опоненти во 1/4 финалето на Гренд Слемот.

 

Фото:

Twitter / @Wimbledon


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1