ММС

Објавено на: 07/5/21 9:32 PM

Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе му стави вето во ЕУ на Северна Македонија, изјави Меркел

Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, изјави денес германската канцеларка Ангела Меркел, на видеоконференцијата на Берлинскиот Самит за Западен Балкан, а пренесува „telma.com.mk“.

Седум години по првиот Самит за Балкан одржан во Берлин во 2014 година, шефовите на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Косово и Србија, како и шефовите на владите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Полска, Словенија и Обединетото Кралство и претставници на ЕУ и меѓународните регионални тела и организации, разговараа за иднината на Западниот Балкан и иднината на самиот Берлински процес.

-Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. Откако се реши спорот, Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Иднината на регионот е во ЕУ и тоа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан туку и на самата ЕУ, изјавила Меркел.

Меркел на прес-конференцијата по виртуелниот состанок, како што пренесува „Teлма“, ги истакнала и придобивките од Процесот како што е проектот на заеднички регионален пазат на кој во моментов се работи, регионот без роаминг и формирање на младинскиот форум. Покрај тоа, канцеларката најави и три милиони дози вакцини за земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Генералната оценка на Меркел била дека во последните седум години од првиот Самит за Западен Балкан, Берлинскиот процес ги забрзал промените во регионот, но дека има уште да се работи во однос на реформите и борбата со корупцијата.

 

 

 

 

Извор:

telma.com.mk

Фото:

euronews.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1