ММС

Објавено на: 07/5/21 7:42 PM

Стратешки избор на Грција беше ЕУ перспективата на Западен Балкан, но под познатите услови, изјави Мицотакис

Поддршката на Грција за европската перспектива на регионот, како и подготвеност на земјата да обезбеди помош на границата со Северна Македонија и Албанија во рамките на зелениот коридор за непречен проток на добра, изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот на Берлинската иницијатива за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис во неговот излагање, како што информираат од неговиот кабинет, ја соопштил подготвеноста на Грција да помогне во проширувањето на иницијативата за зелени коридори, со цел непречена дистрибуција на неопходните добра меѓу Западен Балкан и ЕУ, со обезбедување помош на границите со Северна Македонија и Албанија.

Грчкиот премиер, повторил дека „стратешкиот избор на Грција беше и останува европската перспектива на Западен Балкан, под познатите услови”.

Паралелно, ја истакнал и важност што Грција ја придава на Берлинскиот процес, кој суштински придонесува за општествено-економски развој и приближување на народите од регионот, како и за забрзување на интегративниот тек на Западен Балкан.

На состанокот, Мицотакис и останатите лидери од Берлинскиот процес, размениле мислења за актуелната ситуација и за регионалната соработка на Западен Балкан.

На Самитот учествуваше и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев.

 

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1