ММС

Објавено на: 07/5/21 7:12 PM

Замина во подобар свет – Почина Рафаела Кара, иконата на италијанската телевизија и музика

Италијанската музичка и телевизиска икона Рафаелa Кара почина на 78-годишна возраст. Тажната вест за италијанските медиуми ја потврди нејзиниот долгогодишен партнер.

-Таа почина денес во 16:20 часот, по болест што веќе некое време го напаѓаше нејзиното тело, „толку ситна, а сепак толку полна со енергија“, се вели во соопштението издадено од агенциите.

Таа глумеше во десетици филмови помеѓу 1960 и 1970 година, вклучувајќи го и “Von Ryan’s Express” од 1965 година со Френк Синатра. Истата година, Кара настапи во музичката комедија “Scaramouche”.
Во 1960-тите, таа се појави во телевизиски емисии како “Tempo di Danza”, “Il Paroliere” и “Questo Sconosciuto”.

Во 1971 година, таа постигна уште еден успех во ТВ-шоуто “Canzonissima”, изведувајќи ја тематската песна “Chissà se Va”. Од средината на 1970-тите години наваму, Кара беше популарна ТВ-водителка на разни емисии во Италија и Шпанија.

Таа се врати на малите екрани во 2013 година како ментор во шоуто за таленти „Гласот на Италија“ и тогаш беше објавен нејзиниот последен албум “Replay”.

Нејзиниот партнер имаше само убави зборови за неа.

“Рафаела нè напушти. Замина во подобар свет, каде што нејзината човечност, нејзината непогрешлива смеа и нејзиниот извонреден талент ќе блеснат засекогаш”, рече тој.

Италијанските медиуми се збогуваат од оваа ѕвезда со наслови: „Иконата на италијанската телевизија ја нема“, „Рафа – кралицата на телевизијата“, „Замина на симболите на Италија“

Веста за смртта на оваа популарна ТВ старвезда е фрапантна и во шпанските медиуми.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1