ММС

Објавено на: 07/5/21 3:50 PM

Нема починати пациенти, нови шест случаи со Ковид 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.650 тестирања, а регистрирани се шест нови случаи со Ковид-19 од кои пет во Скопје и еден во Кичево. Регистрирани се 27 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.650 тестови преку: ИЈЗ-18, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-83, Биотек-153, Систина-63, лабораторија Лаор-0, Синлаб-69, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-280, ВФВ Медикал-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 906.

Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројот на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 130.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1